Северна Кореја ја емитуваше првата снимка од Олимписките игри, но два дека откако завршија

Сподели со своите пријатели

Корејската централна телевизија прикажа 70 минути снимка од женскиот фудбалски натпревар помеѓу Британија и Чиле. Натпреварот првично се одигра на 21 јули.

Loading...

Во минатото, Северна Кореја почна да прикажува снимки од Олимписките игри неколку дена по нивното започнување, пренесува јужнокорејската агенција Јонхап.

Снимката од женскиот фудбалски натпревар се емитуваше без коментатори и беше со слаб квалитет, па не се знае како воопшто стигнале до неа.

За време на претходните олимписки прегледи, Азиско-пацифичката радиодифузна унија му понуди на Пјонгчанг снимки од Игрите преку партнерство со јужнокорејската СБС.

Овој пат тоа не беше случај.

Северна Кореја не испрати делегација ниту во Токио, наведувајќи како причина дека сака да ги заштити своите спортисти од ковид-19.

Официјално, Пјонгјанг тврди дека нема пријавени случаи на инфекција со вирусот, но експертите посочуваат дека ова е малку веројатно.