Северна Кореја денеска истрела уште четири балистички ракети, соопшти јужнокорејската војска.
Loading...
Претходно утринава Пјонгјанг лансираше повеќе од 10 проектили, од кои една слета недалеку од јужнокорејските територијални води, а Сеул возврати со три ракети воздух-земја.
Нови ракети беа истрелани во 6:51 часот од две локации во провинцијата Северен Пјонган, соопшти Сеул.
По извршената анализа беше објавено дека станува збор за „балистички ракети со краток дострел“.
Сеул утринава соопшти дека севернокорејска ракета ја преминала северната гранична линија за прв пат по поделбата на полуостровот.