Северна Кореја истрела „неидентификувана ракета“

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја истрела „неидентификуван проектил“ во источен правец, соопшти во средата главниот штаб на јужнокорејската војска.

Loading...

Пјонгјанг лансираше повеќе од десет пробни ракети од почетокот на годината, а интерконтинентална балистичка ракета (ИЦБМ) во март, за прв пат од 2017 година.

 

Повеќе од 20 лица загинаа во тежок судар во Украина, загинаа патници и возачи на автобус

 

Севернокорејскиот режим исто така најави дека ќе продолжи да го развива својот нуклеарен арсенал, игнорирајќи ги повиците на САД за дијалог.

Пробното лансирање во среда се случува неколку дена пред 10 мај, кога новиот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол ќе ја преземе функцијата, најавувајќи построг став кон Северна Кореја.