Северна Кореја истрела двe крстаречки ракети

Сподели со своите пријатели

Од градот Ончон на западниот брег, Северна Кореја утринава истрела две крстаречки ракети, изјави неименуван извор од јужнокорејската војска.

Изворот не го прецизира дострелот на истреланите проектили.

Ракетите се истрелани откако вчера почнаа четиридневните воени вежби на САД и Јужна Кореја, кои се подготовки за маневрите „Штитот на слободата“ кои ќе се одржат од 22 август до 1 септември.

Во меѓувреме, јужнокорејскиот претседател Џун Сук Јеол изјави дека е подготвен да обезбеди економска помош за Северна Кореја во фази, доколку Пјонгјанг престане да развива нуклеарно оружје и го започне процесот на денуклеаризација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 100 бегалци од Судан загинаа или исчезнаа во два бродоломи во Либија