Северна Кореја истрела две балистички ракети

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја утринава истрела две балистички ракети, во најновата серија вакви тестови, соопшти јужнокорејската војска.

Loading...

Првата ракета со краток дострел беше лансирана рано утринава, а десет минути подоцна втора, неидентификувана ракета, соопшти началникот на здружениот штаб на Јужна Кореја.

„Нашата војска го зајакнува надзорот и будноста во подготовките за нови лансирања“, додаде јужнокорејската војска, истакнувајќи дека им ги пренела информациите на САД и Јапонија.

Лансирањето дојде неколку дена откако Северна Кореја соопшти дека успешно тестирала ракета со повеќе боеви глави, за која Јужна Кореја вели дека експлодирала во лет.

Последните ракетни тестови уследија по завршувањето на тридневните заеднички воени вежби на САД, Токио и Вашингтон кон крајот на јуни.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Северна Кореја тестираше тактичка балистичка ракета: За што е способна?

Пјонгјанг вчера објави дека вежбите се „азиска верзија на НАТО“ и предупреди на „фатални последици“.

Северна Кореја редовно ги критикува ваквите воени вежби, кои ги смета за проба за инвазија на нејзина територија.

Јужна Кореја вчера објави дека се работи за редовни одбранбени вежби.

Loading...

Односите меѓу двете Кореи се на најниско ниво во последните години, при што Пјонгјанг ги засили своите тестови на оружје и испраќа балони полни со ѓубре преку границата со Јужна Кореја како одмазда за пропагандата на Сеул против севернокорејскиот режим.