Северна Кореја истрела балистичка ракета

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја изврши ракетна проба во саботата, а најверојатно станува збор за истрелување на балистичка ракета, објавија јапонската и јужнокорејската армија.

Loading...

Јужнокорејската војска соопшти дека Северна Кореја истрелала проектил од нејзиниот источен брег, а новинската агенција Јонхап нагласи дека војската верува дека станува збор за балистичка ракета.

И јапонското Министерство за одбрана на Твитер објави дека тоа би можело да биде балистичка ракета.

 

САД испраќаат воена помош од 150 милиони долари за Украина

 

Северна Кореја истрела балистичка ракета во морето во близина на нејзиниот источен брег во средата, соопштија Јужна Кореја и Јапонија откако Пјонгјанг вети дека ќе ги развие своите нуклеарни сили „со најголема можна брзина“.

САД процениле дека Северна Кореја го подготвува својот полигон за нуклеарни тестирања Пунгје-ри и дека би можел да биде подготвена за тестирање таму веќе овој месец, изјави заменик-портпаролката на Стејт департментот Џалина Портер.

Loading...

Новоизбраниот претседател на Јужна Кореја, Јун Сук-Јол ќе ја преземе функцијата во вторник.