Северна Кореја испука балистичка ракета кон Јапонското Море

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја денес лансираше балистичка ракета која слета во близина на ексклузивната економска зона на Јапонија, изјави јапонскиот премиер Санае Такаичи.

Како што е наведено, досега не се пријавени штети на авиони или бродови, пренесува Кјодо.

Во Токио, Такаичи изјави дека им наредила на надлежните владини агенции брзо да ги достават потребните информации до јавноста и да обезбедат безбедност низ целата земја.

Во меѓувреме, војската на Јужна Кореја соопшти дека открила неидентификувана балистичка ракета лансирана кон Јапонското Море од областа Таегван во севернокорејската покраина Северен Пјонган околу 12:35 часот по локално време.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Водач на банда во Ел Салвадор осуден на 1.335 години затвор

Јонхап потсетува дека лансирањето се случило само еден ден откако Пјонгјанг ги осуди најновите санкции на САД против осум севернокорејски лица и два субјекта за перење пари поврзани со сајбер криминал.