Северна Кореја испрати и службеници на полињата поради борба со сушата

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја распореди владини службеници, вработени во компании и фабрики да работат на фарми низ целата земја за да ги спречи загубите поради тековната суша.

Loading...

Според официјалниот весник на владејачката Работничка партија на Северна Кореја, Родонг Синмун, тие „се приклучиле на борбата во регионите погодени од сушата“.

 

Њујорк Тајмс: САД и помогнаа на Украина со разузнавачки информации за да убијат многу руски генерали

 

„Штом пристигнаа, почнаа да полеваат, да работат со земјоделците и да се борат со природата“, се наведува во весникот.

Има хроничен недостиг на храна во Северна Кореја, која е под меѓународни санкции поради забранетите програми за оружје.

 

Loading...

Русите го гранатираа Краматорск, Украина гранатираше села во регионот на Белгород

 

Земјата е особено ранлива на природни катастрофи, вклучувајќи поплави и суши, поради недостаток на инфраструктура, уништување на шумите и децениско лошо владеење.