Северна Кореја и натаму без заразени од Ковид-19

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја досега не потврди ниту еден случај на ковида-19, објави Светската здравствена организација (СЗО).

Според податоците со кои располага СЗО, Северна Кореја тестирала 693 лица за корона вирусот од 30 јули до 5 август, а сите тестови се покажале негативни, пренесува агенцијата Тас.

Властите на Северна Кореја тестираа вкупно 36.000 луѓе од појавата на пандемијата на вирусот, но ниту еден случај не е позитивен.

Во почетокот на 2020 година, Пјонгјанг воведе строги мерки против коронавирусот и ги затвори границите, со цел да спречи „увезени случаи“.