Северна Кореја тестираше уште една ракета, а тоа би можело повторно да биде балистичка ракета, објави во саботата јапонската влада.
Јужнокорејската војска извести дека Северна Кореја истрелала неидентификуван проектил кон Јапонското Море, според извештајот на новинската агенција Јонхап.
Северна Кореја оваа година тестираше ракета по деветти пат.
@kumanovskimuabeti.mk #kumanovo #kumanovskimuabeti #Куманово #кумановскимуабети #zanimlivosti #занимливости #kimjongun #northkorea #severnakoreja #foryoupage #foryou ♬ original sound – kumanovskimuabeti.mk
Истрелувањето и тестирањето на ракетата доаѓа само четири дена пред претседателските избори во Јужна Кореја.
Резолуцијата на Обединетите нации и забранува на Северна Кореја, самопрогласена нуклеарна сила, да тестира балистички ракети, од кои некои можат да носат нуклеарна боева глава.
Пјонгјанг ги зголемува тензиите од почетокот на годината со серија лансирања на проектили.