Северна Кореја ги урна патишта и железниците кои водат кон југ: Тензично на полуостровот!

Сподели со своите пријатели

Откако вети дека ќе го прекине патниот и железничкиот сообраќај со Јужна Кореја, кои некогаш беа симболи на меѓукорејската соработка, Северна Кореја уништи делови од патиштата што ја поврзуваа со Јужна Кореја, објави Здружениот штаб на јужнокорејската армија (JCS).

Loading...

Минатата недела севернокорејската војска објави план за „целосно одвојување“ на севернокорејската територија од Јужна Кореја, велејќи дека ја информирала американската војска за потегот за да „спречи какво било погрешно толкување и случајни судири“, објави Танјуг, повикувајќи се на новинската агенција Јонхап.

Двете Кореи се поврзани со патишта и железници долж линијата Ѓеонгуи, која го поврзува јужнокорејскиот пограничен град Пају со севернокорејскиот Каесонг и линијата Донгај долж источниот брег.

„Две Кореи – два непријатели“

Потегот доаѓа откако Северна Кореја ги ескалира меѓукорејските тензии откако нејзиниот лидер Ким Џонг-ун на крајот од минатата година ги дефинираше двете Кореи како „две непријателски држави“, преземајќи чекори за уништување на меѓукорејските копнени патишта.

Оттогаш, Северна Кореја ги отстрани уличните светилки и постави мини долж својата страна од линиите Ѓеонгуи и Донги, и распореди војници да изградат противтенковски бариери и да ја зајакнат оградата од бодликава жица на својата страна од Демилитаризираната зона што ги дели двете земји.

Тензиите дополнително се зголемија откако Северна Кореја соопшти дека јужнокорејската војска три пати овој месец испратила дронови над Пјонгјанг.

Ким Јо-Јонг, влијателната сестра на севернокорејскиот лидер, предупреди на „страшна катастрофа“ доколку повторно бидат откриени јужнокорејски беспилотни летала над Пјонгјанг.

 

Loading...