Северна Кореја ги олесни мерките против Ковид-19?

Сподели со своите пријатели

Можно е Северна Кореја да ги олеснила строгите мерки против Ковид-19, пренесува Ројтерс повикувајќи се на извештај на локалните медиуми.

Loading...

Властите во Пјонгјанг го задржаа затворањето на границите и другите мерки против „Ковид-19“ многу подолго од другите земји што се откажаа од таквите ограничувања.

Севернокорејската државна телевизија и весниците официјално не објавија олеснување на мерките, но покажаа повеќе луѓе во театри и други јавни места без епидемиолошки маски.

Тоа е „огромна промена“ во споредба со извештаите во весниците од септември, според аналитичарите на NK News со седиште во Сеул, кои ги следат активностите во Северна Кореја, според Ројтерс.

Населението и деловните субјекти биле информирани дека мерките се укинати од 1 јули, објави во понеделникот американското радио Слободна Азија, повикувајќи се на неименувани извори.

Во извештајот се наведува дека властите ги олабавиле мерките бидејќи носењето користени маски, поради строгите контроли, довело до ширење на инфекции на кожата и очите, наведува Ројтерс.

Минатиот август, севернокорејската државна новинска агенција KCNA објави дека Пјонгјанг ја отфрлил мерката за маски за лице заедно со другите правила за социјално дистанцирање додека лидерот Ким Џонг-ун прогласи победа над Ковид-19.

Еден месец по објавувањето, властите им наложија на граѓаните повторно да носат маски на јавни места, за да се избегне ширење на грип и други заразни болести кои можат да се појават во текот на есента и зимата, но без да се спомене Ковид-19.

Loading...