Северна Дакота забрани абортус, освен за жртвите на силување и инцест

Сподели со своите пријатели

Гувернерот на американската држава Северна Дакота, Даг Барџум, потпиша закон со кој се забранува абортус во повеќето случаи, освен за жртвите на силување и инцест, но само во првите шест недели од бременоста.

Loading...

Законот е потпишан во понеделникот, а според него, лекар кој ќе абортира, освен во исклучителни случаи, се смета за криминалец, објави Ројтерс.

Законот предвидува други исклучоци, вклучително и спасување на животот на мајката или во случаи кога нејзиното здравје е сериозно загрозено.

Северна Дакота е последната американска држава предводена од републиканците што усвои забрана за абортус, откако Врховниот суд на САД минатата година ги укина федералните права за абортус, дозволувајќи им на државите да воведат ограничувања.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 1.000 починати за еден месец во оваа европска земја поради топлотен бран

Најмалку 13 американски сојузни држави донесоа закони за забрана на абортусот, додека Северна Дакота се придружува на голем број други држави за да го забрани абортусот по шестата до 20-та недела од бременоста.

Во многу американски држави, каде што на власт се демократите, абортусот е дозволен, пренесува Танјуг.