Северен брат: Одамна заборавен, хорор остров среде Њујорк, каде денес живеат само духови

Сподели со своите пријатели

Островот, кој веќе подолго време е заборавен и изгубен во историјата, сè уште ги фасцинира луѓето и љубителите на минатото. Неговото име е Норт Брадер, што значи „Северен брат“.

Loading...

На островот, кој бил напуштен во раните шеесетти години на минатиот век, порано постоела позната карантинска болница во која престојувале луѓе кои страдале од заразни болести.

 

 

Таа била позната по Тифусната Мери, првата личност во САД која била асимптоматски носител на тифусна треска и која била изолирана од светот со децении. Од 40-тите до 1963 година, островот служел како центар за рехабилитација на наркозависници, а потоа бил напуштен бидејќи се проценувало дека во самиот град може да се најдат подостапни и економски одржливи простории, во кои центарот потоа се преселил.

Без допир на човечка рака, сè е оставено природно да се распадне. Наскоро откако бил напуштен, природата започнала да го окупира островот и поранешните паркинзи биле претворени во цели шуми. Дрвјата веќе одамна почнале да растат во просториите на поранешните болнички згради, а единствениот шум што се слушал во овој дел на Њујорк е чврчорење на птици и повремениот авион што прелетувал над скриениот бисер на овој фреквентен град.

Loading...

Leave a Reply