Најмалку сто севернокорејски војници кои се борат на страната на Русија во војната во Украина се убиени, соопшти денеска јужнокорејскиот парламент.
Покрај тоа, околу 1.000 севернокорејски војници распоредени во руската погранична област Курск беа ранети при прекугранични напади на украинската армија, пренесува Јонхап.
Претходно оваа недела, киевските медиуми објавија дека украинската армија убила најмалку 50 севернокорејски војници, додека 47 биле повредени.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека се обидува да ги прикрие загубите на севернокорејските војници, велејќи дека украинските трупи ќе продолжат да преземаат мерки за да ги ослабат борбените способности на силите, кои тој ги опиша како слабо обучени.
Според украинското Министерство за одбрана, севернокорејските војници во областа Курск продолжуваат да претрпуваат големи загуби во борбите, додека украинската армија веќе започнала нови офанзивни операции за неутрализирање на преостанатите позиции.