Сеул: Испраќањето војници од Северна Кореја во Русија е закана за меѓународната безбедност

Сподели со своите пријатели

Кабинетот на јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол денеска објави дека испраќањето војници од Северна Кореја во Русија е „сериозна закана за меѓународната безбедност“ и дека ќе одговори на тоа со сите расположливи средства.

Loading...

На состанокот со клучните разузнавачки, воени и безбедносни претставници, беше истакнато дека моменталната ситуација во воените односи меѓу Русија и Северна Кореја е „сериозна закана не само за Јужна Кореја, туку и за меѓународната заедница“, пренесе Ројтерс.

Јужнокорејските власти соопштија дека е веројатно некои севернокорејски војници во Русија да се вмешани во конфликтот во Украина, но не дадоа дополнителни детали.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија жестоко ја нападна Украина: Зеленски тврди дека Русите користат касетна муниција

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно ја обвини Северна Кореја дека испраќа офицери да и помогне на Русија, додека генералниот секретар на НАТО Марк Руте рече дека во моментов нема докази за присуство на Пјонгјанг во војната, пренесува Танјуг.

Јужнокорејски и американски официјални лица тврдат дека Северна Кореја и доставува балистички ракети и друга муниција на Русија, обвинение и Пјонгјанг и Москва го негираа.

Кремљ, исто така, ги отфрли тврдењата на Јужна Кореја за испраќање воен персонал во Русија.