Сеул бара самит со Трамп: Целта е да се постигне договор за царините пред 1 август

Сподели со своите пријатели

Советникот за национална безбедност на Јужна Кореја, Ви Сунг-лак, му рече на американскиот државен секретар Марк Рубио дека Сеул очекува непосреден самит меѓу претседателот Ли Џе-мјунг и американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти кабинетот на претседателот на земјата.

Loading...

За време на состанокот во Вашингтон, тие разговараа за најавените американски царини од 25 проценти за сите јужнокорејски производи, кои треба да стапат на сила на 1 август, објави Јонхап.

Ви ја нагласи потребата од напредок во преговорите за зајакнување на билатералниот сојуз и изрази надеж дека самитот ќе придонесе за заемно корисен исход за сите отворени прашања.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп најави дополнително оружје за Украина

Американската страна, како што е наведено, покажа разбирање и изрази подготвеност да продолжи комуникацијата до крајниот рок за воведување царини.

Во посебна изјава, Министерството за трговија на Јужна Кореја објави дека министерката Јео Хан Ку побарала од американскиот секретар за трговија, Хауард Лутник, ослободувања или намалувања на царините за автомобили и челик, објави Ројтерс.

Џео предупреди дека дополнителните три недели не се доволни и побара преговорите да се забрзаат пред крајниот рок на 1 август, кој беше поместен од првичниот датум на 9 јули.