Сестрата на Ким Џонг Ун: Вежбите на САД и Јужна Кореја се провокативна воена проба

Сподели со своите пријатели

Севернокорејската лидерка Ким Јо Џонг, сестра на претседателот на таа земја Ким Џонг Ун, изјави дека воените вежби на Соединетите Американски Држави и Јужна Кореја, кои започнаа оваа недела, се „провокативна и агресивна воена проба“ што ѝ штети на регионалната стабилност, објави севернокорејската државна новинска агенција KCNA.

Ким Јо Џонг во изјава рече дека годишните воени вежби „Штит на слободата“ ја откриле „вообичаената непријателска политика“ на сојузниците кон Северна Кореја и дека тие „дополнително ќе ја уништат регионалната стабилност“, објави Ројтерс денес.

Таа рече дека вежбите во Јужна Кореја, во кои учествуваат повеќе од 18.000 јужнокорејски и американски војници, се спроведуваат „дење и ноќе на територијата, копното, морето, воздухот, вселената и сајбер-просторот“ на Северна Кореја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД за само два дена потрошиле муниција вредна 5,6 милијарди долари

Ким Јо Џонг изјави дека прикажувањето на воена сила може да „доведе до ужасни последици што се незамисливи“, како и дека неодамнешните глобални геополитички кризи и разни меѓународни настани покажуваат дека во сите воени маневри што ги спроведуваат, според неа, непријателските сили, нема разлика помеѓу одбрана и офанзива, ниту помеѓу вежби и вистинска борба.

Јужна Кореја и САД изјавија дека вежбите, кои се одржуваат од 9 до 19 март, се „одбранбени по природа“ и ќе вклучуваат сценарија за одвраќање поврзани со нуклеарното оружје на Северна Кореја.

Вежбата, исто така, ќе послужи како можност за поддршка на тековните подготовки за префрлање на американската оперативна контрола во воено време на Јужна Кореја, соопштија официјални лица од двете земји.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Војната во Иран избриша 6 трилиони долари од берзите: Пазарите се плашат од стагфлација