Неколку силни подводни земјотреси денеска ја потресоа западна Индонезија и областа околу главниот град на Филипините, но не беа пријавени сериозни штети или беше издадено предупредување за цунами.
Индонезија ја погоди земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 16 километри, кој ја потресе областа на околу 169 километри западно од Паријаман, град во провинцијата Западна Суматра, соопшти Американскиот геолошки институт.
Почина трудницата чија слика го обиколи светот по бомбардирањето на породилиштето
Индонезиската агенција за метеорологија и геофизика соопшти дека земјотресот бил почувствуван во многу делови на покраината, но дека нема опасност од цунами.
Друг земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала погоди делови од регионот на Манила и околните провинции во зори, но нема информации за штети или повредени, соопшти филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија.
Гранатирана станбена зграда во Киев, двајца загинати (ВИДЕО)
Неговиот епицентар бил на околу 110 километри западно од островот Лубанг во провинцијата Миндоро, кој се наоѓа јужно од Манила, објави Филипинскиот институт.
Земјотресот се случил на длабочина од околу 28 километри.