Неколку основни училишта во главниот град на Србија, Белград утринава добија пријави за бомби.
Како што дознава Н1 од родителите на децата, пријави пристигнале во пет училишта – „Лаза Костиќ“, „Бранко Радичевиќ“ и „Ратко Митровиќ“ во Нов Белград, „Лазар Саватиќ“ во Земун и „Исидора Секулиќ“ во Савски венец.
Потсетуваме, претходните недели постојано имаше дојави за бомби во училиштата, последната беше во петокот.
Повеќе од една година пристигнуваат извештаи во училиштата и разни институции, а еднаш на мета беше и РТС.
Родителите се вознемирени, некои не ги пуштаат децата на училиште иако сите пријави биле лажни, јавува репортерот на N1.
Инаку, во октомври и ноември основното училиште „20 Октобар“ со недели добиваше лажни пријави, децата беа префрлени и на онлајн настава, а кога се вратија на училиште пристигна нова закана за вооружен напад.
Наместо состанок на Советот на родители, родителите се собраа во училишниот двор и одржаа протести.
Од српското МВР нема информации што се случува и кој стои зад толку голем број лажни пријави.