Сердјукова: Во ЛНР се предадоа над 1.500 Украинци

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 1.500 украински воени затвореници се наоѓаат во самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР) по предавањето, изјави денеска Викторија Сердјукова, комесар за човекови права на ЛНР.

Loading...

„Досега повеќе од 1.500 украински војници го оставија оружјето и преминаа на наша страна. За разлика од она што го гледаме на интернет за држење на нашите војници во украинско заробеништво, украинските војници имаат сосема различни услови“, рече таа за ТАСС.

Според Сердјукова, по предавањето, украинските војници ја добиваат потребната медицинска нега и храна.

„Во овој момент секој од нив бара помош за да се врати дома, сите сакаат да ги видат своите семејства, што секако е невозможно без согласност на украинската страна“, рече комесарот Сердјукова, истакнувајќи дека украинските власти не се ангажирани при размена на затвореници.

Сердјукова тврди дека роднините на украинските војници се пожалиле дека немаат повратни информации откако се обиделе да дојдат до украинските воени команданти или украинските комесари за човекови права.