Сенатот усвои резолуција со која се ограничуваат воените овластувања на Трамп во Иран

Сподели со своите пријатели

Американскиот Сенат денес усвои резолуција со која се ограничуваат воените овластувања на американскиот претседател Доналд Трамп во Иран, благодарение на четворица републиканци кои гласаа за предлогот на демократите, што покажа дека заедно со мнозинството демократски сенатори, некои републиканци се спротивставуваат и на војната во Иран.

Гласањето го означи само првиот чекор во усвојувањето на резолуцијата во Сенатот, и дури и ако двата дома ја одобрат резолуцијата, се очекува Трамп да стави вето, објави CBS.

Сенаторите го усвоија предлогот за отфрлање на резолуцијата од страна на комитетот со 50 гласови за и 47 против, а четворица републиканци – сенаторите Сузан Колинс од Мејн, Лиза Мурковски од Алјаска, Ранд Пол од Кентаки и Бил Касиди од Луизијана се придружија на мнозинството демократи кои го поддржаа усвојувањето на резолуцијата, додека сенаторот Џон Фетерман од Пенсилванија беше единствениот демократ кој се спротивстави, објави CBS News.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп формираше фонд за обештетување на „жртвите“ од владата на Бајден

Тројца други републиканци – сенаторите Џон Корнин од Тексас, Томи Табервил од Алабама и Том Тилис од Северна Каролина – се воздржаа, помагајќи им на демократите да добијат мнозинство за нивниот предлог за ограничување на воените овластувања на Трамп врз Иран.

„Глас по глас, демократите го пробиваат ѕидот на молчењето на републиканците за нелегалната војна на Трамп. Денес, нашиот притисок се покажа дека функционира“, рече лидерот на малцинството во Сенатот, Чак Шумер, во изјава по усвојувањето на мерката.

Усвоената резолуција му наложува на претседателот да „ги отстрани вооружените сили на Соединетите Американски Држави од непријателствата во или против Иран, освен ако не е експлицитно овластено со објава на војна или посебно овластување за употреба на воена сила“, објави Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Протекоа шокантни американски планови: Подготвуваат план за напад на уште една земја

Гласањето се случи откако Трамп во понеделник објави дека Соединетите Американски Држави нема да извршат „планирани“ напади врз Иран, иако рече дека е „на еден час“ од донесување одлука дали да нареди повеќе напади.