Сенатот го усвои буџетот за одбрана на САД

Сподели со своите пријатели

Американскиот Сенат денеска го усвои буџетот за одбрана на САД во висина од 740.5 милијарди долари за фискалнаа 2021 година, која започна на 1 октомври. 

Loading...

Според Мнистерството за одбрана, буџетот годинава доделува 15.4 милијарди долари за вселенските сили на САД, за разлика од само 40 милиони доделени лани. За модернизација на нуклеарните сили се издвоени речиси 29 милијарди долари, а за воено-воздушните и воено-морските сили, 57 милијарди долари и 32 милијарди долари соодветно.

Според текстот на нацрт-законот, меѓудругото, предвидени се и санкции за Турција поради набавката на рускиот ракетен систем С-400. Потоа, се предвидуваат мерки против компании вклучени во изградбата на гасоводот „Северен поток-2“. 

Претседателот Доналд Трамп, претходно се закани да стави вето на законот поради отсуството во текстот на точката 230 од друг закон, „За запазување на пристојност во средствата за комуникации“, според кој интернет компаниите од своите веб-страни можат да бришат податоци што ги сметаат за недозволиви, навредливи или екстремистички по нивен увид, и да не носат одговорност за тоа.  

Тој имаше забелешки и за тоа што постои ограничување на „преместување“ на парите меѓу воените органи за да се финансира изградбата на ѕидот, како и тоа зошто базите имаат надлежност да одлучат за нивно преименување ако носат назив на историски фигури од Конфедерацијата. 

Бидејќи Претставничкиот дом го усвои законот со двотретинско мнозинство, Трамп не може да стави вето на него. Законот стапува во сила по потпишувањето од претседателот. 

Борис Камчев, САД

Leave a Reply