Семејството на милијардерот се противи за новата снаа: „Ќе ни ја уништиш лозата“

Сподели со своите пријатели

Иако се породи пред само три месеци, познатата убавица Карли Клос со својата фигура веќе привлекува воздишки и погледи на сите страни. Таа неодамна беше фотографирана со нејзиниот сопруг Џошуа Кушнер, милијардер-претприемач, кој влезе во семејството Трамп преку неговиот брат, Џеред Кушнер.

Loading...

Карли Клос има само 28 години и зад себе има сериозна манекенска кариера, која ја започнала кога имала 17 години. Се рангираше во првите 30 модели во 2000-тите, а зад себе има дури 40 насловни страници на Вог. Меѓутоа, додека сè и оди како што треба во деловните активности, не толку и на приватно, Карли не е прифатена од семејството на нејзиниот сопруг.

 

 

Таа и Џошуа се венчаа во 2018 година, и поради него, таа ја смени верата и се преобрази во јудаизмот. Сепак, неговите родители, како и останатите негови роднини, сè уште не ја прифаќаат снаата и отворено велат дека сметаат дека Карли не е доволно добра за милијардерот. Од овие причини, тој ја запознал Карли со своето семејство непосредно пред венчавката, иако пред тоа се забавувале шест години. Главниот приговор на Кушнерови бил поврзан со религијата, но тие исто така сметале дека „еден Victoria Secret ангел и модел на долна облека ќе им ја уништат целата лоза“.

Покрај тоа, тие имале и други приговори. Така, Џеред во јавноста изјавил дека смета дека „Карли не е премногу паметна“ и ја нарекол „шикс“, погрден збор што се однесува на жени кои не припаѓаат на јудаизмот.

 

Loading...

 

Сепак, Карли изјави дека во ниту еден момент не се кае што се омажила за Џошуа.

„Го следев моето срце и се омажив за човекот што го сакам, и покрај сите компликации што се случуваат“, рече таа.

Таа никогаш јавно не одговорила на провокациите на нејзиниот свекор, а за прв пат јавно се спротивстави неодамна, по претседателските избори на кои Џо Бајден го победи Доналд Трамп.

– Прифаќањето на резултатите од легитимните демократски избори е патриотско, а одбивањето да се стори тоа и поттикнувањето насилство е антиамериканско – напиша таа на Твитер.

 

Loading...

Leave a Reply