Куманово денес одбележува седумдесет и една година од смртта на првоборецот Панче Пешев. По тој повод, пред бистата на паднатиот борец поставена во дворот на УОМО ”Панче Пешев”, денес Сојузот на борци положи свежо цвеќе и одржа комеморација во чест на годишнината од смртта на кумановскиот првоборец, но без присуство на потесното семејство Пешеви.
Панче Пешев е роден во Велес на 15 јули 1915 – село Кушкулија. Пешев бил македонски композитор, музичар, комунист и учесник во НОБ.
Во Мајската (пролетна) офанзива (1944), при враќањето со Бригадата од Егејска Македонија, загинал во судир со бугарската војска во Кушкулија, Струмичко на 5 јуни 1944 година.
Во негова чест Сојузот на композиторите на Македонија ја доделува наградата „Панче Пешев“ за најуспешно остварување во областа на музичкото творештво и музикологија. Во негова чест и Општинското Нижо Музичко Училиште во Куманово го носи неговото име, како и улица покрај православниот храм ”Свети Никола”, каде Пешев живеел пред загинувањето.
Семејството на Панче Пешев, поточно ќерката Маргарита Пешева денес не беше поканета на одбележување на годишнината од смртта на нејзиниот татко, нагласувајќи дека Сојузот на борци од Куманово, години наназад ги занемарува и не испраќа покана за присутво пред бистата на паднатиот борец од НОБ.