Семејството на Боб Марли започнува со производство на психоделични печурки

Сподели со своите пријатели

Семејството на покојниот легендарен пејач Боб Марли од Јамајка планира да започне со производство на свој вид психоделични печурки…

Loading...

Семејството на Боб Марли планира да го лансира својот бренд „Марли Оне“ подоцна оваа година на легалните пазари, како што како Јамајка, во партнерство со Сило Велнес водечката психоделична компанија во светот.

 

 

Производството ќе вклучува пет функционални тинктури на психоделични габи (печурки), вклучувајќи видови како што се кордицепс, лав грива, чага, реиши и опашка од мисирка, гинко билоба, астрагалус кои нудат низа уникатни придобивки за здравјето и благосостојбата, од имунитет и здравје на цревата до когнитивните функции и подобрувањето на спиењето, што ќе понуди голем број ефекти корисни за здравјето и имунитетот, пишува Форбс.

„Кога јас и Боб бевме млади, следевме строга, природна диета, која вклучуваше и лековити печурки. Тие се вклопуваат во нашата визија за добра трансформација на светот, со помош на природни производи”, рече сопругата на Марли, Рита Марли.

Семејството на Марли во 2014 година го лансираше, како што го нарекоа, првиот глобален бренд за марихуана. Организацијата „Marley natural“ продаваше разни лосиони, креми и други производи кои содржат додатоци на марихуана.

Loading...

 

 

Боб Марли почина од рак во мај 1981 година. Тој го сметаше канабисот за составен дел од неговата вера – растафаријанството – и активно се залагаше за легализација на марихуаната.

Рече Цедела Марли, извршен директор на групата компании на Боб Марли, во подготвеното соопштение.
„Ние сакаме овие производи да им овозможат на луѓето да доживеат единство со природата и универзумот како целина – и на крајот да постигнат поголема самоактуелизација.

Споменуваме дека индустријата за функционални печурки вредеше околу 46 милијарди долари во 2020 година, а тој број расте секоја година.

 

Loading...

Leave a Reply