Застрашувачко видео снимило едно семејство во Квинсленд кога виделе две змии како се парат во климата.
Тие го поканиле ловецот на змии Мекензи да ги извади змиите од климата и да ги врати во природата, но не беше толку едноставно.
На објавената снимка се гледа како ловецот на змии користи алатки и батериска ламба како внимателно се обидува да ги извлече змиите од климата.
Тој тврди дека ова не му е прва интервенција во таа куќа.
„Веќе бевме во куќата на ова семејство поради змиите, овој пат две змии се парат во клима уредот“, рече Мекензи.
Успеал да ја извлече едната змија од клима уредот, а другата да се вратила на ѕидовите од куќата.
Семејството ќе мора да ја затвори дупката низ која влегле змиите во клима уредот, за да не се повтори сценариото.
Мекензи истакна дека змиите можат да навлезат во климата, но најголемиот проблем е да ги извадат кога ќе влезат.
Овој вид змии не се смета за опасен за луѓето, но секако не е пријатно да се видат змии како лазат околу климата, пишува Дејли Меил.