Семејство бара фотограф кој ќе ги следи на пат околу светот

Сподели со своите пријатели

Едно семејство од Велика Британија бара фотограф кој 12 месеци ќе ги следи на пат околу светот и ќе ги бележи незаборавните моменти.

Loading...

Покрај тоа што ќе му бидат платени трошоците за патување, сместување и храна, овој среќник ќе добие и плата од скоро 90.000 евра. Работата вклучува патување надвор од Британија до три месеци одеднаш.

Оваа работа се појавила ненадејно, откако претходниот фотограф го напуштил работното место поради семејни проблеми.

Семејството има домови ширум Европа, Америка и Австралија, каде ќе патуваат и овој пат, а фотографот ќе ги следи вочекор.

Во рамките на патувањето ќе посетат и натпреварување на Формула1 во Монако, Њу Орлеанс и француските Алпи.

Но, кандидатот мора да исполни и одредени услови.

Како што пренесува Дејли мејл, кандидатот мора да биде соодветно квалификуван со најмалку петгодишно работно искуство.

Исто така, треба да мине ригорозен процес на интервјуа и ќе биде по секаква проверка. Кандидатот ќе мине и викенд со семејството, кое ќе му даде работа само ако чувствува дека меѓу нив постои „хемија“.

Loading...

Од него се очекува да работи и по 10 часа дневно, а ќе има и 30 дена одмор.

Не звучи лошо, зарем не?

Leave a Reply