Семејства на осудените Британци: Да помогнат Киев и Лондон

Сподели со своите пријатели

Семејствата на двајцата Британци осудени на смрт од судот на самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР) по борбите во Украина денеска побараа од британската и украинската влада да направат се што можат за да ги вратат Ејден Аслин (28) и Шон Пинер (48) дома.

Loading...

Во соопштението на семејството на Аслин се вели дека тој и Пинер не биле платеници и легално се приклучиле на украинската армија.

„Ние ги сакаме Ејден и Шон со сето свое срце. Тие, како припадници на украинските вооружени сили, треба да бидат третирани со почит како и секој друг воен затвореник. Тие не се, ниту беа платеници“, се вели во соопштението.

Семејствата на осудените изјавија дека се надеваат дека смртната казна ќе биде укината и ги повикаа британската и украинската влада да направат се што е во нивна моќ за безбедно да ги вратат дома.

Аслин и Пинер беа фатени во Мариупол во април оваа година за време на интензивна борба за контрола на тој пристанишен град, а потоа беа изведени пред судот на самопрогласената ДНР.

Таму беа прогласени за виновни за „платеничка активност и дејствија насочени кон преземање на власта и уривање на уставниот поредок на ДНР“ и осудени на смрт.

Уште еден британски борец заробен од проруските сили, Ендрју Хил (35), чека судење, според Скај њуз.

Лидерот на самопрогласената ДНР Денис Пушилин изјави дека постои можност да се помилуваат двајца британски државјани и еден Мароканец.”

Loading...

Да, секако, постои таква можност, но и прашањето за правдата е во воздухот. „Го знам ставот на граѓаните на републиката во однос на овие криминалци“, рече Пушилин, пренесува РИА Новости.