Семејна трагедија попладнево се случила во кумановската населба Иго Тричковиќ откако син си го убил сопствениот татко.
Loading...
Случајот го потврдија и од Секторот за внатрешни работи Куманово, од каде велат дека лицето е приведено.
– Полициски службеници од СВР Куманово околу 16 часот го приведоа Б.Ј.(40) од Куманово поради сомнение дека околу 15 часот во Куманово со нож го нападнал својот татко С.Ј.( 65), кој им подлегнал на повредите, велат од кумановската полиција.
Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски