Напаѓачот кој во недела во една црква во американската сојузна држава Тексас уби 26 луѓе, бил мотивиран од семејна расправија, соопштуваат тамошните власти.
– Во прашање е семејна расправија, рекол локален функционер и додал дека член на семејството на напаѓачот го идентификувал како Девин Петрик Кели, кој ја посетувал таа црква.
нападот се случи во баптистичката црква во местото Сатерленд Спринг во округот Вилсон, 50 километри од градот Сан Антонио. Во нападот ранети се 20 лица, а напаѓачот наводно извршил самоубиство.
Кели е поранешен припадник на американското Воено воздухопловство од каде бил исфрлен поради семејно насилвство, поради што му било и судено во 2012 година.
Меѓу неговите жртви се осум членови на исто семејство, меѓу кои и една трудница и три деца.
Од 20те ранети, состојбата на десетмина е критична.