Семејна куќа опожарена во Куманово

Сподели со своите пријатели

Семејна куќа вчера била зафатена од пожар во Куманово при што е нанесена материјална штета.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи пожарот избувнал на дом лоциран на улицата „Доне Божинов“.

Огнените јазици изгореле три врати, фасада на објектот и клима уред.

Петмина пожарникари интервенирале во период од 12:10 до 12:45 часот.

Причината за избувнување на пожарот допрва ќе се утврдува.

Во одвоен случај, тројца пожарникари интервенирале и на запелана сува трева во селото Речица во период од 16:40 до 19:45 часот.

Кумановските пожарникари вчера интервенирале и на тешка сообраќајка несреќа во селото Доброшане.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски го посети новогодишниот базар (ВИДЕО)

Никола Ивановски