Семејна куќа вчера изгорела во кумановската населба Карпош, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.
Loading...
Куќата била лоцирана на улицата „203“, каде вчера околу пладне, од засега непознати причини, се запалил семејниот дом.
– Во период од 13:15 до 15:00 часот на терен интервенирале шестмина пожарникари од Територијалната противпожарна единица Куманово со две возила, велат од РЦУК.
Причината е материјална штета, која допрва ќе се утврдува.
Освен тоа, кумановските пожарникари вчера бележат и две интервенции на запалена сува трева, на локацијата Стари лозја и во селото Четирце.
Никола Ивановски