Град во Холандија изнајде радикално решение за намалување на опасноста со која се соочени пешаците кога преминуваат улица, а зјапаат во своите мобилни телефони – „семафори“ на земја.
Во градот Бодегравен биле инсталирани ЛЕД ленти по улиците, кои светат зелено штом е безбедно за поминување, црвено кога има сообраќај по улицата и трепкаат пред менување на светлото.
Loading...
Лентите биле инсталирани на раскрсници близу училишта, а моментално ги има само на страна на патот.
Целта на проектот „Светлосна лента“ е да се спречат несреќни што ги предизвикуваат луѓе кои нонстоп гледаат во телефоните додека преминуваат преку улица.