Хрватскиот фудбалер Марио Манџукиќ се најде во сферата на интерес на Селта, објави „АС“.
Loading...
Раководството на шпанскиот прволигаш размислува да го ангажира 34-годишниот напаѓач. Сепак, конечната одлука за играчот ќе ја донесе новиот тренер, кој ќе го замени разрешениот Оскар Гарсија.
Манџукиќ во моментов е слободен агент. Последен клуб на Хрватот беше катарскиот Ал-Духаил, кој го напушти во јули.
Оваа есен Локомотив покажа суштински интерес за Манџукиќ. Рускиот вицешампион му понудија договор на вицешампионот на светот, но до соработка не дојде.
Зоран Стерјовски