Село во руската област Курск гранатирано од Украина

Сподели со своите пријатели

Селото Гордеевка во руската област Курск на границата со Украина утрово е гранатирано од украинска територија, изјави регионалниот гувернер Роман Старовоит.

Loading...

Според него, во гранатирањето нема жртви или материјална штета, пренесува РИА Новости.

„Според прелиминарните податоци, скршени се прозорците на некои куќи. Ситуацијата е целосно под контрола на нашите граничари и армијата“, нагласи Старовојт.