Село во кое четири години никој не пие алкохол, во продавниците има само два пијалоци (видео)

Сподели со своите пријатели

Жителите на башкирското село Минзитарово (руска република Башкирија) веќе четири години водат трезвен и здрав живот, откако во местото е забранета продажба на алкохол и цигари.

За празниците пијат само чај, а на локалните манифестации жителите агитираат за здрав начин на живот. На влезот во оваа село се наоѓа големо пано со натпис „Територија со здрав начин на живот“, како потсетување за жителите и гостите дека тука и не се продава алкохол.

Борбата против пијанствата во Минзитарово започнала во 2013 година, кога локалните советници изгласале сопствен амандман на законот за продажба на алкохолни пијалоци. Сега во селото е забранета продажбата на алкохолни напитоци и цигари во радиус од еден километар од сите административни згради, училишта и културни центри.

Локалните жители велат дека донеле закон со цел воспитување на младото здраво поколение, затоа што возрасниот човек е тешко да се преваспита. Во оваа село се промовира и спортот и секоја година се организира форум за здравје.

Поранешен локален раководител Илијхам Имајев, кој го иницирал локалниот закон за забрана за продажба на алкохол, вели дека во почетокот не верувал во успех.

– Јас бев меѓу оние кои културно пијат, а сега воопшто не пијам. Во моето семејство не се пие, не пијат ниту соседите и роднините. Во нашето село нема пијани луѓе на улиците, вели Имајев.

Во оваа село пријалок може да се најде само во приватна продавница, во која велат дека имаат пиво и вотка, но нема побарувачка.

Loading...

Жител на селото Рамиј Шаваљејев вели дека не сака да се сеќава на делот од животот кога пиел, и дека тоа му е во магла, но денес е еден од најпочитуваните во селото.

– Пиев многу, не можев да застанам. Да не престанав, би починал некаде крај некоја ограда или би премрзнал, се присетува Рамиј, кој престанал да пие пред десет години, а минатата година за време на копањето компири симболично ја закопал и последната кутија цигари.

Претседателот на селото Иљшат Мударисов не знае колку денес чини вотка и тврди дека многу селани доаѓаат и се заблагодаруваат на тоа што пропагира трезвеност.

– Зошто да ги трошам парите на отров, подобро да си купам слатки, кекс и бомбони, додава Мударисов.

Тој наведува дека локалните претприемачи и фармери дури биле подготвени строго да ги казнат своите работници, па дури и да ги отпуштат, ако ги фатат дека пијат, но до сега немало такви случаи, затоа што луѓето не сакаат да ја изгубат работата.

Селаните наместо вотка пијат изворска вода од блискиот извор и велат дека тоа чајот со таа вода е повкуесн и побргу се вари. Селскиот совет често организира и собири на кои најмладит еможе да ги слушнат постарите како зборуваат за штетноста на алкохолот, никотинот и наркотиците.

– По тие собири луѓето просто се срамуваат да пијат и да чекорат пијани по улица, напоменува Мударисов.

Старицата Мадина Гимадејева вели дека сите во селото водат здрав начин на живот и дека најстариот жител со задоволство помага на претседателот на селото Мударисов.

– Да го ожениме со добра девојка, вели Гимадејева.

Селскиот совет Уктејево, кој опфаќа пет села, меѓу кои и Минзитарово, во 2013 година на републичкото натпреварување го добил наградата „Трезно село“ и освоиле 200.000 рубљи во конкуренција од 80 села.