Во холандската провинција Оверајсел се наоѓа Гинтхорн, село кое често се нарекува и „Венеција на северот“.
Селото е основано околу 1230 година, кога во овој дел на Европа пристигнувале бегалци од Медитеранот.
Гитхорн станал познат во светот откако некои негови делови се нашле во филмот „Фанфаре“ на холандскиот режисер Берт Ханстре.
Во стариот дел на селото нема улици, туку само велосипедски патеки, а сообраќајот претежно се одвива преку бројни канали (кои се долги вкупно околу седум километри), додека пешаците можат да преминат штејаќи дури ад 180 мали, дрвени мостови.
Особено е интересно тоа што туризмот имал исклучително мало влијание врз развојот на Гитхорн, кој се уште го чува својот стар изглед.
Во него може да се видат голем број еднокатни традиционални градби, од кои некои се стари и по 200 години.