Во ноември 1930 година, село од 2000 луѓе, пстоело крај езерото Анјикун во Канада. Џо Лабеле знаел за постоењето на тоа село, па се упатил кон него, за да најде преноќивалиште, затоа што веќе таму и претходно одел, и луѓето биле гостољубиви. Кога стигна до местото, бил шокиран од фактот дека цело село исчезнало, иако таму сеуште биле нивните оружја како и храната, а огништето било уште топло, пренесува mysteriousfacts.
Страшната тишина се спуштала на селото и тој бил шокиран кога сватил дека е потполно сам. Облеката на жителите сеуште била на место, а пиперките се крчкале на шпоретот. Санките биле на сите страни расфрлани.
Каде и да тргнале луѓето, сигурно тргнале пешки, заклучи тој. Кружел околу целото село, но не открил ниту една трага во снегот.
Освен тоа, во селото немало ниту едно животно. Отишол во локалната пошта, и испратил телеграма на канадската кралска коњичка полиција. Тие веднаш испратиле неколку офицери да го истражат случајот. Полицијата откри нешто навистина страшно, локалните гробишта биле оскрнавени. Секој леш бил ископан, така да не исчезнале само живите, туку и сите мртви, пренесува shieldsgazette.com. Понатамошната истрага покажала дека кучињата биле закопани под снегот и дека умреле од глад.
На хоризонтот виделе интезивна, руса, пулсирачка светлост. По неколкуте моменти таа избледела и не се појавила повеќе.
Теоретичарите на завери веруваат како исчезнувањето на селата може да се поврзе со вонземјаните, нападите на демон или вампир, дека луѓето се префрлени во друга димензија, но никој не може да знае што всушност се случило со тие луѓе, зашто никогаш не се вратиле.
На сајтот на канадската полиција може да се прочита дека оваа приказна не е вистинита. Тврделе дека американскиот автор Франк Едвардс ја измислил приказната и дека таа станала популарен дел од новинарстовото и дека нема докази кои ја потврдуваат истата.
Репортерот Емет Келехер изјави дека објавил извештај за оваа мистерија во декември 1930 година во новините Ла Пас Манитоба.
Тука може да се види дека полицијата веднаш не ја спровела истрагата за случајот. Полицаецот кој го вршел увидот разговарал со човекот кој живеел неколку километри од тоа село и кој изјави дека никогаш не сулшнал за селото и неговото исчезнување.
Тешко е да се поверува дека луѓето тукутака ја напуштиле удобноста и безбедноста на своите куќи и останале без облека, храна, оружје и животни. Не се пронајдени никакви знаци на борба, па останува мистерија што навистина се случило со овие луѓе.