Девојчињата од изолираното село на Карибите стануваат мажи, затоа што во периодот на пубертетот им растат пениси. Тие се раѓаат со нешто што личи на вагина, без тестиси, но во периодот на пубертетот ги фаќа бран на тестостерон, од кој почнува нагло да им растат машки репродуктивни рогани.
Станува збор за деца од малото село Салинас, во Доминиканската Република – 1 од 90 деца на светот се раѓаат со вакво пореметување.
Се работи за ретко генетско пореметување од кое, околу 12та година од животот, наизглед женското станува машко дете. Жителите на Карибите ова не го сметаат за нормално, а децата во целост ги прифаќаат и ги нарекуваат „guevedokes“, што буквално значи пенис во дванаесеттата.
Децата се познати како псеудохермафродити, а ВВС за нив снимил емисија. Во документарецот зборува Џони, кој на раѓањето делувал како девојче, а добил име Фелистија. Како дете немал пенис и одгледуван како девојче. Денска има 24 години и физички и биолошки е маж, по процесот кој започнал кога имал седум години.
Се сеќавам кога носев мало црвено фустанче. Роден сум во куќа, а не во болница, така да не знаеле кој пол сум. Кога ми донесоа играчки за женски деца не сакав да се играм со нив – вели Џони кој никогаш не сакал да се облекува како девојче.
Реткото генетско проеметување е предизвикано како резултат на недостаток на ензими поради што се произведува машки хормон – дихидротестостерон во матката. Сите бебиња пред раѓање имаат внатрешни жлезди познати како гонади и мало испакнување измеѓу нозете кое се нарекувал туберкула. Во осмата денела од староста, бебињата кои носат Y хромозом почнуваат да прозведуваат дихидротестостерон во големи количини – тој туберкулата ја претвора во пенис. Кај жените, се работи за клиторис.