Сексуален терапевт тврди: Ова е идеално време за водење љубов!

Сподели со своите пријатели

Дали имате прашања за сексот и интимноста? Дојдовте на вистинското место, вели познатата британска секс терапевтка Шарлин Даглас во интервју за The Sun.

Loading...

Работи како советник за британската верзија на „Брак на прва“, одржува сесии за терапија, а неодамна објави и книга посветена на сексуалноста…

– Кога им кажувам на луѓето што правам, тие обично се шокирани. Но, најголемиот дел од мојата работа вклучува истражување на човечкиот ум. Им помагам на луѓето да ги надминат пречките кои им стојат на патот до здрав сексуален живот – вели Даглас на почетокот.

Таа веднаш се сврте на темата за женските оргазми.

– Околу 80 отсто од жените не успеваат да постигнат оргазам за време на сексот. На некои им е полесно да доживеат оргазам без партнер. Постојат начини да се работи на тоа. Договорете со партнерот да направите масажи, ставете ја вистинската плејлиста, а можете да вклучите и разни играчки – советува дамите Даглас.

Секако, не се само дамите кои имаат проблеми со сексот.

– И помладите генерации имаат проблеми со еректилната дисфункција. Некои се анксиозни, други се борат со тоа поради претходни лоши сексуални искуства… Еден млад, згоден клиент долго време избегнувал да влегува во врски. Бившата го критикувала дека не може да одржува ерекција за време на секс – продолжува терапевтката.

Таа ги советува мажите да одат на лекар ако тоа се случи повеќе од еднаш. Само за да се исклучат здравствени проблеми…

Loading...

А кое е најдоброто време за секс? Некои ќе кажат во секое време, а терапевтката вели:

– Најчесто е петок попладне или сабота наутро. Тогаш луѓето се најопуштени после работниот викенд.

Бели и дека клучот за добар сексуален живот често е во комуникацијата со партнерот.

Нема прецизен одговор на прашањето колку често луѓето треба да водат љубов…

– Статистиката вели дека еднаш неделно е просек, но важен е квалитетот, а не квантитетот. Ако имате секс еднаш месечно, а сексот е фантастичен, тоа е сосема нормално. Најважно е да го пронајдете ’рецептот’ со партнерот – вели на крајот…