Сексот не смее да стане забава, порача Папата до младите

Сподели со своите пријатели

Сексуалноста не смее да се сведува на форма на забава, рече папата Лав XIV за време на средбата со група млади неофити и катехумени (лица кои се преобратиле во друга религија и лица кои чекаат крштевање) од Франција, кои престојуваат во Рим по повод Јубилејот на младоста.

Loading...

Папата ги потсети присутните дека подготовката за катехумени не завршува со крштевањето и дека оваа тајна не го означува крајот на духовниот пат, туку почетокот на „поклонение на верата што трае цел живот“, преку радости и предизвици.

„Крштевањето нè доведува во заедница со Христос и ни дава живот. Во исто време, нè повикува да ја отфрлиме „културата на смртта“ што е многу присутна денес“, рече папата, наведувајќи примери за таа култура: рамнодушност, неправда, дрога, сексуалност како забава и објективизација на луѓето, како и потрага по лесен живот“, рече тој, според Vatican News.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку 18 лица загинаа во ужасен судир помеѓу автобус и камион во Индија

Папата ги охрабри собраните да не останат „христијани од навика, погодност или конформизам“, туку свесно да ја живеат својата вера преку личен однос со Христос, секојдневна молитва и заедништво во Црквата.

Тој предупреди на опасноста од сведување на христијанството на етикета, без автентична вера.

„Ние не се раѓаме како христијани – ние стануваме христијани преку средба со Господ. Ако таа средба се пропушти, ние ќе бидеме христијани само на хартија“, истакна Папата и ги повика собраните да ја живеат својата вера не само во теорија, туку и во конкретни гестови на љубов и надеж.

Тој, исто така, укажа на важноста на редовната исповед, молитвата и заедничкиот живот во Црквата, како „извори на сила за секојдневните предизвици“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто сексот во лето е најдобар? Ова се 10 причини што ќе ве воодушеват!