Атрактивна водителка на спортска емисија, Паулина Карина Дијаз од Колумбија била приведена под сомнение дека киднапирала двајца мажи. Популарната „Вештерка“ како ја нарекуваат, обвинета е дека со својот изглед ги намамила мажите во замка.
Според наводите на колумбиските власти, Дијаз и нејзиниот партнер заедно организирале киднапирање на бизнисменот Хуго Лопез Мокај и адвокатот Милтон Карое Вилијамил во декември 2011 година. Ги навела заедно со неа да заминат од барот во Кали. Одтогаш им се губи секаква трага.
Од нивните семејства барале да платат три милиони колумбиски песоси за да ги ослободат.
Ги намамила од клубот во хотелската соба каде ги заклучиле – соопштено е од полицијата. Две лица се веќе осуени за овој случај на 23 години затвор.
Дваесет и седумгодишната Дијаз која работи и како модел, води спортска емизија на бразилскиот Канал 2. Сопственикот на телевизиската куќа рекол дека таа работела бесплатно затоа што сакала да ја зголеми својата популарност и влијанието на социјалните мрежи.
https://youtu.be/np5iCRFfT9o
Loading...