Секој четврти жител на Романија нема тоалет во домот

Сподели со своите пријатели

Се проценува дека во 2018 година, 2,1 процент од луѓето во ЕУ живееле во домови без тоалет.

Loading...

Повеќето вакви домаќинства се евидентирани во Романија, а најмалку во Германија, Луксембург, Холандија и Шведска, пренесува Евростат.

Ова претставува намалување од 1,2% во однос на 2010 година кога имало 3,3% од таквите домаќинства.

Во Романија, 27,7 проценти, т.е. приближно еден од четири жители изјавиле дека немаат тоалет во нивното домаќинство.

Ова е најголем процент во однос на сите други земји-членки на ЕУ.

По Романија следат Бугарија (15,3 проценти), Литванија (10,6 проценти), Латвија (9,9 проценти) и Естонија (5,3 проценти), покажуваат податоците на Евростат.

Во деветнаесет земји-членки на ЕУ, бројот на домаќинства без сопствен тоалет е под еден процент, додека најмал процент е забележан во Германија, Луксембург, Холандија и Шведска, каде скоро и да нема домови без тоалети.

Leave a Reply