Секогаш доцните? Имаме добри вести за вас!

Сподели со своите пријатели

Каде и да тргнете секогаш доцните? И ви се чини дека колку и да станете рано или за започнете порано со подготовките, и покрај најдобрите намери, едностано не можете на време да стигнете до „одредиштето“?

Loading...

Па, ако е така, знајте дека тоа има и добра страна, иако сме сигурни дека вашето донцење ги нервира луѓето околу вас…

Луѓето кои секогаш доцнат се посреќни и поздрави од останатите, покажала студија спроведена на Харвард.

Оваа студија покажува и дека луѓето кои постојано доцнат живеат подолго. Причината за тоа, сметаат, дека е тоа што луѓето кои доцнат се многу оптимистични, а тоа добро се одразува и на нивото здравје.

Дали некогаш сте забележале дека, пример луѓето кои 20 минути подоцна се појавуваат на ручек, обично се појавуваат со насмевка на лицето, како да нема врска што доцнат? Следниот пат, пред да се налутите на пријателката која доцни, сетете се дека тие луѓе се попозитивни, постраствени, поентузијастични и воопшто посреќни.

– Многу луѓе кои доцнат се многу општимстични и нрееални, што влијае и на нивната перцепрција за времето. Тие навистина веруваат дека пред да стигнат на ручек, можат да свратат и до продавница или да завршат други обврски, вели Дајен ДеЛонзор, авторка на книгата „Never be late again“.

Психологот Џастин Кругер истакнува дека општеството на разни начини ги казнува луѓето кои доцнат, но тие и натаму не пристигнуваат на време. Зошто? Психолохот Кругер е согласен со она што го кажува и ДеЛонзор, дека луѓето лошо проценуваат колку време им е потребно за одредени обврски.

Психологот Елфи Кон советува дека, наместо да се прашувате зошто вашиот пријател секогаш доцни, поставете си го прашањето?

Loading...

„Зошто јас секогаш пристигнувам на време?“. одговорот, вели, е тоа што имате подобра претстава за тоа колку време ви е потребно за да стигнете некаде или да завршите одредени обврски.

Од друга страна, лицата кои доцнат се сонувачи, кои навистина веруваат дека за еден час можат да спремат ручек за утре, да ги испеглаат алиштата и да се најдат со вас во градот.

Значи, тие во тој поглед се позитивни. Тоа не значи дека лицата кои не доцнат се песимистични, туку тие кои доцнат се склони на тоа да мислат дека на крајот се ќе испадне добро, дури и ако само еднаш се испаднало добро.

Сето тоа значи дека и оние кои постојано доцнат се посмирени, а судејќи според студијата на Харвард, тоа е доволно овие луѓе да живеат подолго.

Анализирајќи ги факторите на здравјето, изтражувањето покажало дека „позитивниот поглед на животот во младоста може да биде индикатор за подобро здравје и да го намали ризикот од смрт во следниот период од 15 до 40 години“.

Ако сте оптимистични, тоа значи дека генерално сте посреќни. Секогаш се фокусирате на позитивната страна,а а тоа ви помага да бидете попродуктивни, покреативни и поопуштени. А научниците од Харвард велат дека тоа „додава“ години во вашиот животен век.

Во студијата се додава и дека оптимистичните поретко имаат проблеми со повисок крвен притисок или срцеви заболувања.

– Изгледа дека оптимизмот го штити срцето и циркулацијата, а секако има добро влијание и на општото здравје, велат научниците.

Loading...

Сепак, сето ова не значи дека доцнењето е општествено прифатливо. Кога и да е можно, трудете се да дојдете на време, поради луѓето со кои се наоѓате и почитување на нивното време. Но, сепак ако доцните, добро е да се знае дека макар тоа има и добри страни.

Leave a Reply