Седумдесет и деветгодишниот Бајден повторно ќе се кандидира за претседател

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека има намера повторно да се кандидира за функцијата и дека конечната одлука за тоа ќе ја донесе на почетокот на следната година, откако објави дека резултатите од штотуку одржаните среднорочни избори се добри за демократијата.

Loading...

Бајден ќе наполни 80 години во ноември, а неговиот советник рече дека се во тек подготвителните разговори за кампањата во 2024 година.

„Нашата намера е повторно да се кандидираме“, им рече Бајден на новинарите во Белата куќа, додавајќи дека тоа го сака и неговото семејство, но дека не се брза да донесе конечна одлука.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Албанес: Промената на Трамп во климатската политика би била од корист за нас