Седум знаци дека во бракот или врската ви исчезнала љубовта

Сподели со своите пријатели

Ако сте во брак во кој не сте среќни и задоволни, постои можност да сте во брак во кој нема повеќе љубов, без да бидете свесни за тоа.

Loading...

Иако не е лесно да се заклучи дали сте во брак без љубов, постојат некои знаци кои можат да ви помогнат да ја решите дилемата.

Еве неколку знаци дека љубовта недостасува во вашиот брак на кои можете да обрнете внимание:

 

 

Имате физички симптоми

Несреќниот брак е лош брак, тој е како настинка која трае, а поради која сме исцрпени и ранливи. Може да имаме и физички реакции на лошиот брак, во кој нема повеќе љубов, како што се главоболки, гадење, замор…

Постојано се критикувате еден со друг

Сите ние имаме нервни фази во кои сакаме да ги критикуваме другите. Во бракот, треба да одредите дали се појавува вашата фрустрација или недостаток на почит и љубов кон партнерот или едноставно имате лош ден.

Loading...

Престанавте да сметате еден на друг

Ако вашиот партнер повеќе не е личноста кај која одите кога ви треба утеха или поддршка, постои можност љубовта да ја нема.

Сè е полно со презир

Дали превртувате очи на се што ќе каже другата страна, дали си одговарате со сарказам? Ако е така, вашиот брак или врска би можеле да бидат во неволја, полни со презир. Се разбира, ако сте спремни да работите на проблемот, има надеж, но важно е да започнете со откривање што го предизвикало презирот.

Се избегнувате еден со друг

Дали останувате на работа подолго од потребното, талкате по продавници после работа само за да не морате дома? Ако одговорот е да, тоа е сигнал дека сте незадоволни од односот со партнерот.

 

 

Не можете повеќе да се расправате

Веројатно некогаш сте ја слушнале реченицата дека паровите кои се грижат се караат. Еден од знаците дека на љубовта и дошол крајот е дека кавгата е завршена. Нема повеќе активни конфликти бидејќи постои можност да сте се откажале од верувањето дека промената е можна.

Се чувствувате подобро кога сте разделени

Друг показател дека љубовта повеќе ја нема е фактот дека се повеќе се оддалечувате од партнерот и дека сте повеќе свои кога сте далеку еден од друг.

Loading...

Дали може да се поправи бракот?

Експертите велат дека може, но важно е да почнете да работите на сопственото ментално здравје.

Грижете се за себе, анксиозноста, стресот или лутината што ве мачи. Вежбањето, медитирањето, разговорот со професионалец може да ви помогне. Ако функционирате најдобро што можете, ќе имате појасен поглед на вашата врска и нејзината иднина.

Дури тогаш, кога ќе бидете добри со себе, ќе можете јасно да одлучите дали врската има иднина или не. Ако сфатите дека вашето срце повеќе не е во него, ако допирот на вашиот партнер ве натера да се одвратите, ако не гледате решение, тогаш можеби решението е да заминете.

Ако се донесе таква одлука, запомнете дека не сите врски ќе мора да бидат вечни. Не гледајте на крајот на врската или бракот како на свој неуспех, туку како на нешто што мораше да се случи.

На крајот на краиштата, секоја врска може да донесе нешто добро во нашите животи, дури и онаа која трае само одредено време.