Седум улици во Куманово денеска без вода

Сподели со своите пријатели

Поради интервенции на дефекти на водоводната мрежа во Куманово денеска без вода ќе бидат повеќе локации.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за улиците „120“ во населбата Карпош, „Иван Милутиновиќ“, „Славиша Вајнер“, „Васил Драгомански“, „Моша Пијаде“, „Јоско Илиевски“, „Благој Илиев Гуне“.

Екипите на ЈП „Водовод“ освен на отстранување на овие дефекти, работат и на интервенции на канализациската мрежа на улиците „120“, „11ти Ноември“ и булеварот „Трета МУБ“.

Паралелно со тоа се одвива, реконструкција на оштетени тротоари и коловози од дефекти на водоводна и канализациона мрежа на улицата „Денко Драганов“.

Никола Ивановски

Leave a Reply