Здравата исхрана го зајакнува имунолошкиот систем и му помага на вашето тело да се бори против болести.
Одредена храна го зајакнува вашиот имунитет, што е особено корисно во време кога целиот свет се соочува со пандемија на ковид-19.
Печурки
Печурките се поврзани со зголемување на бројот и јачината на Т-клетките кои го зајакнуваат имунитетот на организмот и се едни од единствените природни извори на витамин Д.
Покрај тоа, печурките се богати со цинк, минерал кој е клучен за правилно функционирање на имунилошкиот систем.
Црвени пиперки
Црвените пиперки се богати со витамин Ц кој е антиоксиданс и може да помогне во борбата против болестите. За да ја зголемите количината на витамин Ц во вашето тело, додајте црвени пиперки во вашата исхрана.
Лук
Лукот долго време се смета за природен лек и храна што помага и во борбата против грип и настинка.
Оваа храна го зајакнува имунолошкиот систем и исто така содржи компонента наречена алицин, која не е само антибактериска, туку и антиинфламаторна.
Ѓумбир
Антивоспалителните својства на ѓумбирот можат да помогнат во ублажување на симптомите на горниот респираторен систем, кои исто така се поврзани со ковид-19.
Иако досега немало многу истражување за антивирусните својства на ѓумбирот, знаеме дека тој силно се бори против бактериите.
Покрај тоа, ѓумбирот може да помогне во регулирање на високиот крвен притисок, а знаеме дека високиот крвен притисок претставува поголем ризик за инфекција со коронавирус.
Брокула
Брокулата е богата со витамини А, Ц и Е, а сите овие витамини помагаат во зајакнување на имунитетната функција.
Покрај тоа, витаминот А може да помогне да се намали ризикот од инфекција со коронавирус затоа што поддржува поздрави внатрешни ткива, вклучувајќи ја и обвивката на респираторниот тракт.
Покрај тоа, овој витамин може да ви помогне да изгубите вишок килограми.
Јогурт
Јогуртот е богат со протеини, витамини и елементи во трагови потребни за одржување на оптимален имунолошки одговор.
Покрај тоа, јогуртот е одличен извор на пробиотици кои помагаат во поддршката на цревниот микробиом, што само по себе е клучно за поддршка на имунолошката функција.
Треба да се напомене дека грчкиот јогурт има повеќе протеини отколку другите јогурти.
Кисела зелка
Кисела зелка е уште една храна што го зајакнува имунитетот. Киселата зелка е ферментирана, а ферментираната храна е одличен извор на добри бактерии за цревата.
Покрај тоа, ферментацијата ги подобрува антиоксидантните својства.