Бројот на повредени во несреќата што се случи утрово кога воз излета од шините во регионот Уљановск во Русија се зголеми на 22, меѓу кои и едно дете, објави гувернерот на регионот Чељабинск, Алексеј Текслер.
Несреќата се случила кога седум вагони од патнички воз што сообраќал од Чељабинск до Москва излетале од шините во регионот Уљановск, објави РИА Новости.
Прелиминарните извештаи покажуваат дека двајца патници се здобиле со скршеници, додека 20 лица се здобиле со модринки.
Сите патници, вкупно 412 од нив, меѓу кои 65 деца, биле евакуирани.
Спасувачи, лекари, истражители и форензички експерти пристигнале на местото на настанот, додека специјални возови и патнички вагони биле испратени за ублажување на последиците од несреќата.
Истражниот комитет и Обвинителството покренаа постапки за утврдување на причината за инцидентот.
Несреќата се случила во 6:26 часот по московско време во близина на станицата Брјандино.
Сообраќајот на таа делница е во прекин.

